/ Прочитано:

1.403

Измените на Законот за урбанистичко планирање во собраниска процедура

Измените на Законот за урбанистичко планирање се во собраниска процедура. Предлагач на измените е Владата.

Целта на изменувањето на законот е да се одговори на потребите на единиците на локална самоуправа како носители на процесот на урбанистичко планирање, да се поедностават одредени чекори од процесот и да се овозможи повисок степен на флексибилност во делот на содржината на урбанистичките проекти.

Исто така, целта е и рамномерен просторен развој создавање и унапредување на условите за хумано живеење и работа на граѓаните. Се обезбедува континуитет во планирањето во руралните средини.

„Предложените измени се должат на поднесена иницијатива на дел од единиците на локална самоуправа, кои се обратија до Министерството за транспорт и врски како предлагач на овој закон и побараа негови измени во делот на преодните одредби со кои се предвидува ставање вон сила на општите акти изработени и донесени согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање Останатите предлози за изменување се однесуваат на воочени можности за поедноставување на постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови и воведување на поголема флексибилност во улогите на учесниците во постапките, како и во однос на содржината на урбанистичките проекти од членот 58 од законот. Со предложената измена исто така се одложува примената на одредбите од овој закон од причина што е неопходно да се изврши претходно усогласување на Законот за градење со овој закон“, се додава во законското образложение.

Измени на Законот за урбанистичко планирање

М.В