Известување на АКРМ во врска со собири на адвокати
АКРМ објави Известување во врска со собири на адвокати од адвокатските заедници Скопје 1, 2, 3 и 4. Врз основа на член 12, став 1, алинеја 1 и 3 и став 2 и член 23, став 1, алинеја 20 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија и врз основа на член 5, став 1, алинеја 1 и 3 и став 2, член 6 и член 8 од Правилникот за адвокатски заедници, се свикуваат собири на адвокатите од Адвокатската заедница Скопје 1, Адвокатската заедница Скопје 2, Адвокатската заедница Скопје 3 и Адвокатската заедница Скопје 4.
Собирите на адвокатските заедници ќе се одржат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, амфитеатар 2, според следниот распоред:
- Скопје 1 – 16 април во 13:00 часот
- Скопје 2 – 16 април во 15:30 часот
- Скопје 3 – 17 април во 13:00 часот
- Скопје 4 – 17 април во 15:30 часот.
Со следниот дневен ред:
- Избор на претседател на адвокатска заедница
- Избор на претставници во Собрание на Адвокатска комора на РМ.
Список на адвокатски заедници 1, 2, 3 и 4