Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование
Министерството за образование и наука преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование.
Измените и дополнувањата во Законот за основното образование се вршат со цел да се обезбеди еднаков пристап до образованието и обезбедат конкретно насочени мерки за спречување и борба против сегрегацијата во образованието, против расизмот и расната дискриминација во и преку училишното образование, како и борба против антициганизмот и дискриминацијата на Ромите. Ова изменување и дополнување на законот е врз начелото на еднаква застапеност на децата и против секаков вид сегрегација во училиштата врз основа на расно или етничко потекло.
Временската рамка за изготвување на предлог законот е од 01.08.2023 до 19.11.2023 година.