/ Прочитано:

726

Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог Закон за енергетика (*)

Министерството за економија преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Предлог Закон за енергетика (*).

Целта на предлог законот е да се транспонираат Регулативите и Директивите на ЕУ од Пакетот за чиста енергија, односно да се транспонираат: Регулативата ЕУ 2018/1999 за управувањето со Енергетската Унија и активностите во областа на климата; Директивата ЕУ 2019/944 за заедничките правила за внатрешниот пазар на електрична енергија; Регулативата ЕУ 2019/943 за внатрешниот пазар на електрична енергија; Регулативата ЕУ 2019/941 за подготвеност за справување со ризици во електроенергетскиот сектор; Регулативата ЕУ 2019/942 за Агенцијата на ЕУ за соработка на енергетските регулатори и Директивата ЕУ 2018/2001 за обновливи извори на енергија.

Како што се наведува во известувањето, „Министерскиот Совет на Енергетската заедница донесе Одлука бр. 2021/13/MC-EnC (од 30.11.2021 година) и Одлука бр. 2022/03/MC-EnC (од 15.012.2022) со кои ги обврза договорните страни на Енергетската заедница, меѓу кои и Република Северна Македонија, да го транспонираат во своите национални законодавства Пакетот на Европската Унија за чиста енергија, прилагоден со одлуките на Министерскиот совет, најдоцна до 31.12.2023 година. Исто така, досегашната примена на важечкиот Закон за енергетика укажа дека одредени законски решенија е треба да се променат за да одговорат на новите потреби и развојни трендови во глобалниот и домашниот енергетски сектор.“

Временската рамка за изготвување на предлог законот е од 07.08.2023 година до 31.10.2023 година.