/ Прочитано:

897

Јавна расправа за говорот на омраза насочен кон жените во политиката

Денеска собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите организира јавна расправа на тема: „Говорот на омраза насочен кон жените во политиката“. Една од надлежностите на Комисијата е следење  на усвојувањето и примената на основните и посебните мерки за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите во сите области на јавниот и на приватниот сектор. Комисијата, исто така, врши редовно информирање на Собранието за сите прашања поврзани со еднаквите можности на жените и мажите.

Говор на омраза е секој начин на изразување кој промовира омраза кон едно или повеќе лица поради нивните лични карактеристики или поради припадноста кон одредена група или заедница. Секој може да биде жртва на говорот на омраза поради тоа што омразата може да постои поради различни основи, односно поради расата, бојата на кожата, родот, припадноста на маргинализирана група, етничката припадност, јазикот, државјанството, социјалното потекло, религијата или верското уверување, други видови уверувања, образованието, политичката припадност, личниот или општествениот статус, менталната или телесната попреченост, возраста, семејната или брачната состојба, имотниот статус, сексуалната ориентација, родовиот идентитет на луѓето.

М.В