/ Прочитано:

1.204

Ќе се менува Законот за наставниците и стручните соработници

„На предлог на Министерството за образование и наука, Владата го утврди текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта. Преку оваа измена се гарантира стабилност на работниот однос на наставниците, се подобруваат можностите за професионален и кариерен развој и се воведуваат нови можности за стручните соработници“, посочуваат од Владата.