/ Прочитано:

1.017

Ќе се менува Законот за основното образование

МОН подготвува измени на Законот за основното образование. Една од целите на овој закон, велат од МОН, е подобрувањето на пристапот до образование за сите категории ученици.

„Законот за основното образование е донесен во 2019 година и од неговата досегашна примена во праксата се покажа дека се потребни одредени измени и дополнувања и тоа во делот на инклузивното образование, начинот на побарување, селекција и вработување на образовните асистенти, нивната обука, стипендирањето на талентираните и надарените ученици“, посочуваат од МОН.

М.В