/ Прочитано:

830

Комисиска расправа за измените на Законот за Црвениот крст на Република Македонија

Новите предложени измени на Законот за Црвениот крст на Република Македонија се на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

„Потребата од измени и дополнувања на Законот за Црвениот крст на Република Македонија произлегува од неможноста да се применуваат одредбите за финансирање, а пред сè членот 27, ставот 1 алинеја 4 од постојниот Закон, кој се однесува на наплата на надоместокот од 1% од регистрација на моторни возила во корист на Црвениот крст на Република Македонија.

Проблемот е настанат во последните години, кога при регистрацијата на возилата надоместокот од 1% се пресметува и се наплатува на различна основа  од страна на правните субјекти кои вршат технички преглед, поради што се доведува во прашање еднаквоста при плаќање на овој надоместок.

Во предложениот закон се отстранети и изменети одредби од постојниот закон кои предвидуваат надоместоци  во корист на Црвениот крст на Република Македонија, а со тоа и финансиско оптоварување на субјектите, како и одредби во кои одредени прописи не постојат или се променети“, се вели во образложението на измените на Законот за Црвениот крст, кој е во фаза на второ читање.

М.В