/ Прочитано:

2.029

Кривичен суд: Судиите вложуваат напори да донесат одлуки за големиот број предлози на СЈО

Кривичниот суд објави соопштение во врска со поднесените предлози од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против повеќе лица опфатени во различни предлози.

„Во однос на поднесените предлози од страна на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против повеќе лица опфатени во различни предлози, ја информираме јавноста дека сите предлози веќе се распоредени во работа пред кривичните совети на овој суд и по нив се постапува. Со оглед на големиот број предлози и на лицата опфатени во нив, како и на доказниот материјал приложен во предлозите, судиите што постапуваат во советите вложуваат напори да донесат одлуки во законски предвидениот рок. Но, со оглед на фактот дека по донесување на одлуките, за сите предлози, тие треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката, по завршување на целокупната процедура, за која не може да се предвиди колку време може да трае, јавноста веднаш ќе биде информирана за донесените одлуки на кривичните совети“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

М.В