/ Прочитано:

1.488

Кривичниот совет го прифати предлогот на Обвинителството – куќен притвор за Игор Дурловски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје соопшти дека ги прифати барањата на Обвинителството и им ја укина мерката притвор на поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски и на Елена Доцевска-Божиновски, службеничка во Собранието. Судот го прифати барањето на Обвинителството и на пратеничката Жаклина Пешевска ѝ го укина куќниот притвор и ѝ определи мерки за претпазливост.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал за продолжување на мерки за обезбедување присуство против 35 лица поврзани со настаните од 27 април 2017 година, кои се случија во Собранието на РМ, за кривичното дело од член 313 од КЗ, донесе решенија со кои го прифати предлогот на Обвинителството и на К. М., С. В., Љ. А., М. Ч., Д. Л., Г. Ѓ., О. П., О. Р., М. П., А. А., И. Ц., Б. Д., Б. И., В. Ј., М. П., З. С., Ј. Ч., И. С., Г. А., В. Т. и В. М. им ја продолжи мерката притвор во траење од 30 дена;

на Љ. Д., Ј. Т., С. М., С. М. и М. М. им ја продолжи мерката куќен притвор;

на Е. Д. Б. и И. Д. го прифати предлогот на Обвинителството и им ја укина мерката притвор и им определи мерка куќен притвор;

и на Ж. П. го прифати предлогот на Обвинителството и ја укина мерката куќен притвор, а ѝ определи мерки за претпазливост, односно – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска обвинетиот да се јавува на овластено службено лице во судот, одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа и забрана за приближување и воспоставување, односно одржување контакт со одредени лица“, се вели во соопштението на Судот.

М.В