/ Прочитано:

1.091

Кривичниот суд не може да постапува по предлозите на СЈО за осомничените во „Трезор“ поради кодирано уесбе

„Имено СЈО до Судот поднесе три предлози за определување мерки за претпазливост за 4 лица, а доказите, заедно со само еден писмен акт – документ, кои, во согласност со законот, треба да се достапни за судиите при одлучување во врска со предлозите, беа доставени во електронска форма на пренослива меморија – уесбе кое судиите на претходна постапка кои, во согласност со законот, веднаш по добивањето на предлозите започнаа со постапување, не можеа да го отворат, бидејќи уесбето беше кодирано“, појаснуваат од Судот.

????????????????????????????????????

Кривичниот суд го примил барањето за определување на мерки за лицата опфатени во истражната постапка за случајот „Трезор“ кој го отвори СЈО, но не можат да постапат по барањето бидејќи предлозите биле доставени во електронска форма на пренослива меморија – уесбе, кое судиите на претходна постапка не можеле да го отворат бидејќи било кодирано. Поради тоа барањето е вратено во СЈО.

„Имено СЈО до Судот поднесе три предлози за определување мерки за претпазливост за 4 лица, а доказите, заедно со само еден писмен акт – документ, кои, во согласност со законот, треба да се достапни за судиите при одлучување во врска со предлозите, беа доставени во електронска форма на пренослива меморија – уесбе кое судиите на претходна постапка кои, во согласност со законот, веднаш по добивањето на предлозите започнаа со постапување, не можеа да го отворат, бидејќи уесбето беше кодирано“, појаснуваат од Судот.

Со оглед на новонастанатата ситуација, службеното лице кое во Судот ги заведува предметите го извести СЈО дека не може да се пристапи до наведеното уесбе бидејќи е кодирано и оттаму доби устен одговор дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во присуство на обвинителите од СЈО и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив, велат од Кривичниот суд.

„Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, за да ги повикаат странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно  доказите, што не е јасно предвидено во Законот за кривична постапка“, се наведува во соопштението на Судот.

Тие велат дека, според ЗКП, странките се должни секој предлог да го достават во соодветна писмена форма и дека овој случај претставува преседан во постапувањето на овој суд.

„Дали на ваков начин Обвинителството се обидува да ги заштити лицата против кои го поднел предлогот, а вината за непостапувањето и одолжувањето на постапката се обидува да ја префрли на Судот, е нешто на што треба да одговори Обвинителството“, истакнуваат од Судот.

Во предметот „Трезор“ опфатени се четири лица од кои три на раководни позиции во УБК, а едно лице на раководна позиција на МВР. Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување поради злоупотреба на 862 илјади евра буџетски средства при набавка на опрема за следење на комуникациите.