/ Прочитано:

3.575

КРИВИЧНИОТ СУД: Притвор за четири лица, куќен притвор за едно лице и мерки на претпазливост за две лица осомничени за нередите во Собранието

Определна е мерка притвор за четири лица, куќен притвор за едно лице и мерки на претпазливост за две лица осомничени за нередите во Собранието, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1 - Скопје.

„Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка беа спроведени седум лица за кои судот по ценење на предлогот на ОЈО го прифати предлогот и на четири лица им определи мерка притвор, на едно лице му определи куќен притвор, и на две лица мерки на претпазливост“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека 7 лица се лишени од слобода и предложен е притвор за 14 лица осомничени за нередите во Собранието. Постапката, посочија од ОЈО, е започната поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица сториле кривично дело  „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ од член 384 од Кривичниот законик.

Во членот 384 од Кривичниот законик за кривичното дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ се пропишува:

(1) Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие или на ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(2) Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до пет години.

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: 7 лица се лишени од слобода и предложен е притвор за 14 лица осомничени за нередите во Собранието

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: Идентификувани се петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието

МВР: Поднесени кривични пријави за 15 лица учесници во нередите во Собранието на РМ

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: Не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела во нередите кои се случија во Собранието

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА НАСТАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО: Будно ги следиме настаните и соодветно ќе постапиме

М.В