/ Прочитано:

5.420

Кривичното дело „Бесправно градење“

Член 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење

(1) Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган,

ќе се казни со затвор

од три до осум години.

(2) Ако делото од став 1 е сторено заради продажба,

ќе се казни со затвор

најмалку четири години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што изведува градежни работи спротивно на основниот проект или врши реконструкција на конструктивните елементи на градбата без основен проект и ја нарушува механичката отпорност, стабилноста на градбата и  сеизмичката заштита.

(4) Службено лице во локална самоуправа или во орган на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот кое ќе донесе решение за локациски услови спротивно на важечки урбанистички план или ќе издаде одобрение за градење спротивно на решението за локациски услови и стори нарушување на планираниот простор, со што за себе или за друг прибави противправна имотна корист или на друг му нанесе штета,

ќе се казни со затвор

од три до осум години

(5) Ако делото од овој член го стори правно лице,

ќе се казни со парична казна.

(6) Изградените недвижности се одземаат.

М.В