Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти пред Законодавно-правната комисија
Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се пред Законодавно-правната комисија. Измените се во фаза на второ читање.
„Во Законот за постапување со бесправно изградени објекти не се предвидени одредби за вршење на инспекциски надзор, а со тоа и кои инспектори ќе бидат надлежни да ги констатираат веќе предвидените прекршоци сторени од страна на службеното лице – административен службеник за спроведување на постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, на градоначалникот и на одговорното лице. Воедно, овој предлог на закон се предлага и од причина што е потребно да се изврши негово усогласување со новиот Закон за инспекциски надзор.
Во Законот за постапување со бесправно изградени објекти се предвидени високи глоби за службеното лице – административен службеник за спроведување на постапката за утврдување на правен статус на бесправен објект, на градоначалникот и на одговорното лице. Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти се носи и од причина што е потребно да се изврши негово усогласување со новиот Закон за прекршоците, а со тоа и да се намалат глобите и да се поедностави прекршочната постапка.
Исто така, во членот 33 од законот е утврдено дека овој закон ќе важи десет години од денот на влегување во сила, рок кој истекува на 3 март 2021 година. Имајќи предвид дека постојат тековни предмети по барањата за утврдување на правен статус на бесправни објекти поднесени во претходно предвидените законски рокови, како и постапки кои се наоѓаат во жалбена постапка или во постапка пред управните судови, се продолжува рокот на важност на законот за пет години за да се овозможи завршување на започнатите управни постапки за овие предмети и за да се заштитат правата на граѓаните кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект. Воедно, ќе се оневозможи создавање на правна празнина и правна несигурност“, се вели во законското образложение.
Владата го повлече Предлог-законот за легализација на бесправно изградените објекти
Најавена законска дистинкција меѓу објектите за лично домување и станбените згради за профит
Кривичното дело „Бесправно градење“
Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница
Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти
М.В