/ Прочитано:

1.951

Лукаревска: Со новиот Закон за прекршоците ќе нема репресивни казни

 

„Столбот на новиот Закон за прекршоци пред сè е превенцијата. Со новиот Закон за прекршоци се укинува и двојната санкција со којашто претходно, според постојниот закон, трговец поединец се третираше како правно лице. Со новиот Закон за прекршоци ќе се тргнат драконските репресивни казни со коишто фирмите на некој начин се уништуваа. Тоа да остане во минатото. Нашата цел не е да ја намалиме дисциплината на фирмите и на физичките лица, туку едноставно да го дадеме оптималното решение со коешто казните ќе претставуваат еден вид основа за успешно работење“, вели директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Според директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, селективност при вршењето контроли и при санкционирањето нема да постои.

„За тие кои прв пат ќе бидат фатени дека грешат ќе ја спроведеме опомената. Ќе има и едукација. Меѓутоа, кај тие кои повеќепати ќе прават прекршоци, таму ќе мора да се применуваат казните и таму инспекциите ќе постапуваат така како што постапувале досега“, изјави Пауновски.

Со новиот Закон за прекршоците предвидени се 75 отсто помали казни за физички лица, како и 60 отсто помали глоби за малите фирми.

Прекршочните санкции за физичките и за правните лица во новиот предложен Закон за прекршоците

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

М.В