/ Прочитано:

443

Маричиќ: Процесот за проверки во правосудството е клучен за враќањето на довербата во правната држава

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во своето обраќање на прес-конференцијата по повод презентирањето на методологијата за проверки во правосудството истакна дека овој процес ќе биде клучен за враќањето на довербата на граѓаните во правната држава.

„Овој процес, како на Влада и на Министерство, ни е од исклучително значење и веруваме дека ќе придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, која во моментот е на загрижувачко ниско ниво. Ние не сакаме на кој било начин да правиме притисок врз судството и врз обвинителството, но должни сме да се грижиме и будно да го следиме  процесот со кој ќе добиеме реформиран, транспарентен, ефикасен и од какви било притисоци ослободен правосуден систем.  Тоа им го должиме на граѓаните“, истакна министерот Маричиќ.

Министерот за правда го нотираше делот од извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во делот на правосудството, во кој се забележува дека, како резултат на реформите, воспоставени се механизми кои обезбедуваат независност и отчетност на правосудството.

„Со оваа прес-конференција и со презентацијата на методологијата е исполнето ветувањето дека до Нова година ќе биде усвоена и презентирана методологијата за проверките во правосудството“, посочи Маричиќ.

Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на правосудството

Судскиот совет ја усвои методологијата за оценување на работата на судиите

Во моделот за прочистување на правосудството најавено ревидирање на досиеја и оценување на секој судија

Министерот за правда очекува методологијата за прочистување на судството да биде усвоена на 28 декември

ЕУ-мониторингот на судските случаи се очекува да започне на почетокот на идната година

Министерот за правда најавува проверка на работата и на имотната состојба на судиите

Здружението на судиите во врска со ветингот и за актуелната состојба во правосудниот систем

М.В