/ Прочитано:

1.098

МФ: Висок поврат на ДДВ за фирмите

„Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19.

Споредено со претходните две години, повратот е значително повисок. Така, ако се спореди првото полугодие од 2020 година со истиот период од 2018 година, повратот е повисок за 26% отсто, додека во споредба со 2017 година повратот е повисок за високи 44%.

Повратот на ДДВ кон фирмите во услови на оваа криза е од големо значење, заради зачувување на ликвидноста на стопанството, а со тоа и поттикнување и поддршка на економската активност.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, вчера, презентирајќи го извршувањето на Буџетот за првото полугодие од 2020 година, истакна дека приоритет за Министерството е да ги сервисира сите свои обврски, редовно и навремено.

– Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови: вработените да земат плата, социјално загрозените навремено да ги добијат своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарување кон буџетските корисници, да нема заостанати обврски, а повратот на ДДВ кон фирмите да биде навремен. Тука се и мерките за КОВИД-19, поддршка којашто државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционираните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Останува обврската и одговорноста на државата да ги обезбеди и испорачува јавните добра и услуги до сите, особено сега, во овие тешки времиња- рече Ангеловска.

Инаку, во текот на минатата 2019 година фирмите добија поврат на ДДВ од 402 милиона евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година или дури за 44% повеќе во однос на 2016 година“, соопштуваат од Министерството за финасии.