Министерството за финансии подготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“
Министерството за финансии подготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб-страницата на Министерството https://www.finance.gov.mk/files/Priracnik_Kupi_kukja_kupi_stan_Preview_012.pdf.
„За неполни три месеци, откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.
Намалените каматни стапки, новиот модел ‘Купи стан за млади’, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете се причините за големиот интерес.
Во согласност со новите услови, каматната стапка за моделот ‘субвенција на рата’ за првите три години ќе изнесува 2,9 проценти, а за третата и четвртата година 3,9 проценти.
Намалена е и каматната стапка за моделот ‘субвенција на учество’. Таа сега ќе изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.
За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел ‘Купи стан за млади’. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот ‘субвенција на рата’, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата изнесува 11.900 евра.
Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.
Дополнително, корисниците на субвенциониран станбен кредит за секое новородено или посвоено дете ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.
Новина има и кај моделот ‘Купи куќа за возраст над 35 години’. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција.
За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80 проценти од учеството за куќата“, соопштуваат од Министерството за финансии.
МФ: Отсега може да се аплицира за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9%
Предложени законски измени за подобрување на условите за добивање на субвенциониран станбен кредит
М.В