/Прочитано:

1.420

Министерството за правда го објави текстот на измените на Законот за катастар на недвижности, во кои има повеќе значајни новини

Министерството за правда го објави текстот на предложените измени на Законот за катастар на недвижности. Предложените измени и дополнувања произлегуваат од Информацијата со предлог-мерки за подобрување на деловното окружување, во согласност со препораките на  Извештајот „Дуинг бизнис 2018“ на Светскатабанка,усвоена од Владата на Република Македонија со цел подобрување на рангот на Република Македонија во индикаторот  „Регистрирање на имот“, со која се препорачува Агенцијата за катастар на недвижности да пристапи кон изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности во насока на подобрување на квалитетот на податоците запишани во катастарот на недвижности, вклучувајќи го и механизмот за отстранување на грешки од страна на Агенцијата и намалување на процентот на незапишани права во катастарот на недвижности, заради што и најголем број од предложените одредби ја регулираат оваа материја.

Причините за донесување на Законот, истакнуваат од Министерството за правда, се должат и на потребата од допрецизирање на одредени одредби со кои се уредува плаќањето на надоместок по пријавите за запишување во катастарот на недвижностите кога пријавата за иста недвижност повторно се доставува од причини што претходно доставената пријава била одбиена; разграничување на надлежностите помеѓу приватниот геодетски сектор и Агенцијата за катастар на недвижности во делот на премерот и изготвувањето на геодетските работи за посебни намени;потребата од пролонгирање на рокот за доставување пријави за запишување во катастарот на недвижности на податоците од интабулационите книги преземени од судовите, а кои останале неидентификувани; потребата од создавање правни претпоставки за запишување на недвижниот имот на правните следбеници на ЕСМ кој се наоѓа на земјиште во приватна сопственост и друго.

Со предложените измени и дополнувањана Законот ќе се создадат услови за подобрување на квалитетот на податоците запишани во катастарот на недвижности, вклучувајќи го и механизмот за отстранување на грешки од страна на Агенцијата за катастар на недвижности и намалување на процентот на незапишани права во катастарот на недвижности.

Наведеното, посочуваат од Министерството за правда, ќе се постигне со одредбите од овој закон со кои се уредува запишување на недвижностите кои останале со незапишани права кои се наоѓаат во катастарски општини во кои во сила бил катастар на земјиште востановен врз основа на извршен премер, како и во катастарски општини каде што во сила бил катастар на земјиште востановен без извршен премер (пописен катастар); со одредбите со кои се пропишува можноста за исправка на грешка по пријава на странка и по службена должност, како и со одредбите со кои се пропишува ажурирање на податоците во катастарот на недвижностипо пријава на странка и по службена должност.

Со предложените законски решенија се очекува зголемување на интересот на странките за запишување на недвижностите, како и за ажурирање на податоците за недвижностите со запишани права, од причина што во одреден број случаи е предвидено запишувањето да се врши без доставување на доказ за платен надоместок и без доставување на геодетски елаборат, кои паѓаат на товар на Агенцијата.

Со вградувањето на одредбите за ставање во мирување на овластувањето за овластен геодет ќе се надмине проблемот за продолжување на овластување во услови кога овластениот геодет од објективни причини не е во можност да посетува континуирана обука.

Со одредбите штосе однесуваат на геодетските работи за посебни намени, додаваат од Министерството, се зголемуваат надлежностите на приватниот геодетски сектор за изработка на геодетски елаборати во функција на реализација на урбанистички планови и урбанистичко-планска документација. При реализација на наведеното, приватниот геодетски сектор ќе ги користи податоците од Графичкиот регистар за градежно земјиште.

Се проширува опфатот на ГКИС преку воведување на нов Регистар на преземени недвижности наменети за продажба, преку кој ќе се овозможи добивање информации за преземените недвижности наменети за продажба од едно место, со што ќе се зголеми транспарентноста при прометот на недвижностите.

Странките се ослободуваат од плаќање надоместок при повторно поднесување на пријави за запишување на иста недвижност од причини што претходно поднесената пријава била одбиена.

„Ќе се надминат проблемите при запишување на правата на сопственост на инфраструктурните објекти кои,во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за преобразба на електростопанство на Македонија –Акционерско друштво за производство, пренос и дистрибуција на електричнаенергија во државна сопственост, со преобразбата и планот за поделба припаднале на АД ЕСМ или друштвата основани од него или на друштвата настанати со реструктурирање на АД ЕСМ или неговите правни наследници и АД МЕПСО,како и наинфраструктурните објекти кои се изградени на земјиште во приватна сопственост, а за кои Владата на Република Македонија ќе донесе одлука за запишување право на сопственост во катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, а кои се изградени на земјиште во приватна сопственост“, се вели во законското образложение.

Министерството за правда подготвува измени на Законот за катастар на недвижности за подобрување на квалитетот на запишаните права

М.В