Министерството за правда подготвува измени на Законот за заштита на личните податоци
Министерството за правда подготвува измени на Законот за заштита на личните податоци. Со Законот за заштита на личните податоци, посочуваат од Министерството, се уредуваат: заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци, правата на субјектот на личните податоци во врска со обработката на личните податоци, тајноста и заштитата на обработката на личните податоци, преносот на личните податоци во други држави, давањето на личните податоци на корисници, како и надлежностите на Агенцијата за заштита на личните податоци.
„Имајќи ја предвид потребата за обезбедување на конзистентност во примената на термините во постојниот закон се појави потребата да се пристапи кон изменување и дополнување на предметниот закон“, појаснуваат од Министерството.
М.В