Министерството за правда подготвува Закон за канцеларија за поврат на имот

Министерството за правда подготвува нов Закон за канцеларија за поврат на имот.

„Со овој закон ќе се уредат основањето, надлежностите, овластувањата и организациската структура на канцеларијата за поврат на имот, надлежна за преземање активности во врска со пронаоѓањето и идентификувањето на приноси, друг имот или имотна корист кои произлегле или се во врска со кривично дело и кои може да бидат предмет на привремена забрана за располагање или конфискација, размена на најдобри практики и водење статистички податоци.

Целта за донесувањето на предложениот закон е оваа материја да се усогласи со меѓународните и европските документи во однос на тела одговорни за пронаоѓање и идентификување на приносите, друг имот или имотна корист кои произлегле или се во врска со кривично дело“, велат од Министерството за правда.

М.В