/ Прочитано:

1.752

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Министерството за правда подготвува Закон за медијација. Целта на  Законот, кој е во фаза на подготовка, е уредување на подрачјето на примена на медијацијата, воведување на основни поими, уредување на начелата и постапката за медијација, пропишување медијација во прекугранични спорови, регулирање на трошоците и наградата на медијаторите, уредување на поддршката и развојот на медијацијата, дефинирање на постапката за спроведување испит за медијатори, подобрување на организацијата на Комората на медијатори и уредување на постапката за добивање лиценца и уредување на рокот на важење на лиценцата.

„Сложениот и несоодветен испит за медијатори влијаеше на малиот број на лиценцирани медијатори, поради што доцнеше и процесот на формирањето на Комората на лиценцираните медијатори. Одборот за медијација имаше проблем во неговата функционалност и извршување на обврските и надлежностите утврдени со законот. Медијацијата не е доволно промовирана и унапредена, иако заради развојот и поддршка на медијацијата во законот е предвидено дека Владата на РМ донесува програма со мерки и средства за поддршка на медијацијата за период од најмалку 4 години, а посебни програми донесуваат и Судскиот совет на РМ и Врховниот суд на РМ, додека пак Академијата за судии и обвинители е пасивна за организирање обуки за медијацијата и арбитражата“, се вели во законското образложение.

M.В