/Прочитано:

887

МИОА подготвува Закон за висока раководна служба

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува Закон за висока раководна служба. Со новиот Закон за висока раководна служба (ВРС), велат од МИОА, ќе се воспостави уедначена процедура за назначување на раководна позиција и професионализација на раководните позиции,  издвоена од политичкото управување. ВРС ќе има специфичен правен статус, одвоен и различен од Законот за административни службеници. Со одредбите од новиот Закон за висока раководна служба ќе се дефинира високата раководна служба и ќе се воспостави централно тело – комисија за селекција на високата раководна служба.

„Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. Со Законот за административни службеници е направен првиот исчекор кон професионализација на извршните раководители во административната служба. Со Законот за вработените во јавниот сектор се опфатени органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во Градот Скопје“, велат од МИОА.

М.В