Младите правници поднесоа тужба пред Граѓанскиот суд за аерозагадувањето
Младите правници поднесоа тужба пред Граѓанскиот суд во Скопје за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина поради аерозагадувањето.
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека во месец јули 2019 година поради континуираното аерозагадување поднело тужба пред Граѓанскиот суд во Скопје против Владата на РСМ, Министерството за животна средина и Градот Скопје за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, правото на приватност на личен и семеен живот и правото на неповредливоста на домот и преземање на мерки.
Со тужбата се бара да се утврди дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, правото на приватност на личниот, семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2018 година не преземале неопходни мерки и активности во согласност со законските должности за справување со аерозагадувањето и редуцирање на ПМ-10 честичките во амбиентиот воздух. Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 година не се преземени неопходни мерки за да не се надминат граничните вредности на ПМ-2,5 честичките.
Со тужбата, исто така, се бара ревидирање на законските и подзаконските акти со цел постигнување на хармонизација на националната легислатива со Директивата на ЕУ 2008/50/ЕК; овозможување на систем на непречена размена на податоци, воведување на санкции/казни на централно и локално ниво поради неусогласеност со целите и политиките за квалитет на воздух, да се обезбеди буџет за работењето на мерните страници и други мерки за подобрување на квалитетот на амбиентиот воздух.
Граѓаните немаат ефективен пристап до правдата кога здравјето им е загрозено од загадувањето
Загадувањето на животната средина и природата како кривично дело
Нарушено здравје предизвикано од загадена животна средина може да се докаже во судска постапка
Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право
По одлуката на Врховниот суд, велешани ќе бараат еколошка правда во Стразбур
М.В