/ Прочитано:

1.981

МНР подготвува нов Закон за надворешни работи

Министерството за надворешни работи подготвува нов Закон за надворешни работи. Со претходните бројни измени, велат од Министерството,  направена е правна конфузија и дисторзија на целокупниот систем.

„Со новиот закон темелно ќе се реформира дипломатската служба. Со носење на новиот закон ќе се овозможи создавање на професионална дипломатија во согласност со Виенските конвенции за дипломатски и конзуларни односи, како и во согласност со останатите позитивни меѓународни прописи од областа на дипломатијата“, посочуваат од Министерството.

М.В