/ Прочитано:

2.250

МОН: Во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници

Министерството за образование и наука информира дека е во тек подготовка на целосно нов Закон за учебници, со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.
„Министерството за образование и наука веќе го повлече  учебникот по Македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма.

Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието, како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците“, соопштуваат од МОН.