/ Прочитано:

422

МОН: Законот кој гарантира континуиран раст на платите на наставниците е блокиран во Собрание

Министерството за образование и наука ги повикува наставниците и Наставничкиот пленум барањето за зголемување на платите да го упатат до пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, каде со месеци е заглавен предлог законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците.

„Владата и Министерството за образование и наука, соопштуваат од МОН, работи во интерес на наставниците и обезбедување на нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока е Законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, со кој платите на наставниците треба да се зголемуваат согласно растот на минималната плата во државата“, се вели во соопштението.

М.В