Најавен нов Закон за класифицирани информации усогласен со регулативите на НАТО и ЕУ
Министерството за одбрана подготвува Предлог-закон за класифицирани информации, чијашто цел е усогласување со регулативите на НАТО и ЕУ.
„Причина за донесување на Предлог-законот за класифицирани информации е потребата од дополнување на одредени прашања (инспекциски надзор, надлежност на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, персонална и безбедносна политика), врзани за работата со класифицираните информации. Исто така и одржувањето на високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, опфаќање искуства од научените лекции од примената на законот во периодот на важење на претходното законско решение и прецизирање одредени прашања од доменот на работата на надлежностите на Дирекцијата што произлегуваат од новините во одредени области и од започнатите пристапни разговори со НАТО, се содржини кои се опфатени во предлог-текстот на законот“, образложуваат од Министерството за одбрана.
М.В