/ Прочитано:

272

Наќе Георгиев и Антоанета Димовска избрани од редот на судиите за нови членови на Судскиот совет

Соопштение за јавност

Врховниот судија Наќе Георгиев  и судијата од Граѓанскиот суд во Скопје, Антоанета Димовска се избрани за  нови членови на Судскиот совет на непосредните избори  што се одржаа на 13 јули. Судијата Георгиев доби шест гласа  од општата листата на Врховниот суд, на која гласаа вкупно 16 судии, додека за судијата Димовска се изјасниле 110  судии  од судовите од скопското апелационо подрачје наспроти 49, колку што доби нејзиниот противкандидат Лазар Нанев, судија од Основниот суд во Кавадарци.

Откако резултатите станаа конечни, затоа што немаше приговори,  Комисијата за  спроведување на избори со која претседаваше д-р Субхи Јакупи, судија од Вишиот суд во Скопје во петокот им  издаде уверенија дека се избрани за нови членови  на Судскиот совет. Комисијата за изборот го извести и Собранието на Република Северна Македонија, за да може претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери да закаже термин за давање на свечена изјава.

Судскиот совет им  изразува  голема благодарност на  судиите што излегоа во толку голем  број со 84 отсто одзив,  како и на Комисијата и избрачките одбори што  успешно го спроведоа гласањето.