/ Прочитано:

376

Покана за работна средба од Судскиот совет до претседателката на Врховниот суд

Судскиот совет како тело кое согласно со законот има обврска во смисла на член 2 од Законот за судскиот совет  да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт,како и во врска со член 11 од истиот закон, кој го гарантира слободното судиско одлучување без никакви влијанија и притисоци, ја известува јавноста за следното:

Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за  политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека  е неопходно да ја информираме јавноста  дека евентуалното вршење на притисоци од било каков вид судиите,  е недозволиво и крајно загрижувачко.

Од овие причини, претседателот на Судскиот совет на РСМ, Сашко Георгиев утрово оствари телефонски разговор со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми заради остварување работна средба со членовите на  Советот, заради ова искучително важно и сензитивно прашање.

По тој повод е испратена и писмена покана до г-ѓа Адеми, во која се повикува на работна средба в понеделник, на 06.11 2023 година во 11 часот во  просториите на Судскиот совет.

Во прилог на  ова соопштение ја објауваме и испратената покана.