/ Прочитано:

1.195

Нема притвор за осомничениот во „Трезор“

Судијата на претходна постапка донел решение со кое предлогот се одбива како неоснован.

Судница 1 Основен суд Скопје 1

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела позврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), против едно лице опфатено во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“, донесе решение со кое предлогот се одбива како неоснован, велат од Основниот суд Скопје 1.

Како што претходно информираа од Кривичниот суд, сослушувањето на три лица за кои СЈО побара определување на мерки на претпазливост било прекинато бидејки од страна на СЈО било побарано изземање на судијата на претходна постапка.