/ Прочитано:

1.932

Нов Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам во собраниска процедура

„Превенцијата од перење пари и финансирање на тероризам во Република Северна Македонија е регулирана со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (*) („Службен весник на Република Македонија” бр. 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 и 317/20). Овој закон ги утврдува мерките и дејствијата за откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризам кои ги преземаат задолжените субјекти, како и работењето и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање. Овој закон е усогласен со ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година (2015/849 ЕЦ) и Директивата за изменување и дополнување на Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финасискиост систем за целите на перење пари и финасирање на тероризам и дополнување на Директивата 2009/138/ЕЦ и 2013/36/ЕУ.

Причините за донесување на Законот, произлегоа од потребата за негово усогласување со европското acquis односно законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно одредбите од Директива 2018/843 за спречување на користење на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година, а исто така ревидирани се препораките на ФАТФ и последно дополнети во октомври, 2020 година. Во Предлог-законот се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам усвоена во 2020 година.

Целта на предложениот закон е негово усогласување со одредбите од 5-та ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2018 година (2018/843).

Законот, чие донесување се предлага се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам (*) („Службен весник на Република Македонија” бр. 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19 и 317/20)“, се вели во образложението на Законот, чиј предлагач е Владата.