/ Прочитано:

2.445

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Измените на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, поднесен од Владата по скратена постапка, се пред пратениците. Главната цел на донесувањето на овој закон е со него да се зајакне професионалноста, но и одговорноста на членовите на Советот на јавни обвинители, се вели во законското образложение.

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ – ЗАКОНОТ

„Со членот 1 од Предлогот алинејата 5 во членот 6 се усогласува со условите за избор на членови на Советот кои се избрани од Собранието пропишани во членот 32 од Законот.

Со членот 2 се уредува материјата за мандатот на членовите на Советот. Имено, во овој член е пропишано дека мандатот на членовите на Советот избрани од страна на јавните обвинители трае четири години со право на уште еден избор по истекот на најмалку четири години од престанокот на претходниот мандат во Советот, а мандатот на членовите на Советот избрани од Собранието трае четири години со право на уште еден избор.

Со членот 3 се додаваат три нови надлежности на Советот, и тоа: да одлучува по поднесено барање за дисциплинска одговорност  на член на Советот, да донесува одлука за член на Советот да може да врши непосреден увид во работењето на јавните обвинители и  да донесува Етички кодекс за јавни обвинители по предлог на Здружението на јавните обвинители.

Во членот 4 од Предлогот се зајакнува јавноста во работењето на Советот и се предвидува дека одлуките на Советот мора да бидат образложени и истите се објавуваат на  веб страницата на Советот.

Со членот 5 од Предлогот се додаваат два нови члена 10-а и 10-б кои се однесуваат на јавноста во работењето на Советот. Имено, во новиот член 10-а детално е уредена материјата за јавноста во работата на Советот, а со членот 10-б се уредени прашањата за изземање на член на Советот.

Со членот 6 се дополнува ставот (4) во членот 13 во насока дека Годишниот извештај за работа на Советот се објавува на неговата веб страница.

Со членот 7 се зајакнуваат критериумите за избор на членови на Советот од редот на јавните обвинители.

Со членот 8 се дава надлежност за водење на Именикот на јавните обвинители на Советот, со што оваа надлежност од Министерството за правда преминува кај Советот.

Со членот 9 се пропишува дека јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Специјалното јавно обвинителство гласаат и се кандидираат за членови на Советот во подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Со членот 10 се врши прецизирање на материјата за гласачкото ливче и се пропишува дека серискиот број на ливчето останува на кочанот, со то се спречува можно нарушување на тајноста на гласањето.

Со членот 11 се доразработува материјата за спроведувањето на гласањето за избор на член на Советот.

Со членот 12 се допрецизира постапката за заштита на избирачкото право на кандидат.

Со членот 13 од Предлогот се уредуваат условите за член на Советот што го избира Собранието. Имено, во овој член е пропишано дека за член на Совет што го избира Собранието може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

– да е државјанин на нашата држава,

– дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство во правната професија со положен правосуден испит и кое во вршењето на правната професија се истакнало со научна или професионална работа или со свое јавно делување и

– да не е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување во вршење на функцијата или друго кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци што го прави недостоен за  да ја врши функцијата член на Советот.

Исто така, во овој член е уредено и дека членовите на Советот што ги избира Собранието се од редот на универзитетски професори по право, адвокати, поранешни судии на Уставниот суд, меѓународни судии и други истакнати правници.

Со членот 14 се уредува материјата за давањето изјава на членовите на советот согласно Законот за употреба на јазиците.

Со членот 15 од Предлогот е уредено прашањето за престанок на мандатот на член на Советот со исполнување на условите за старосна пензија.

Со членот 16 се пополнува правната празнина која постоеше во овој закон, а се однесуваше на одговорноста на членовите на Советот. Со овој член се додаваат шет нови члена со кои се уредува материјата за разрешување на член на Советот, како и за основите за покренување постапка за разрешување и за спроведување на оваа постапка.

Со членот 17 се допрецизира членот 37 кој се однесува на избор на јавни обвинители во основните јавни обвинителства од редот на кандидатите кои ја завршиле почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители.

Со членовите 18 и 19 се дополнува насловот на членот 38 и членот 38 со специлјаните јавни обвинителства, согласно новата одредба во Предлогот на законот за јавното обвинителство.

Со членот 20 од Предлогот се додава нов член 38-а со кој се пропишува дека член на Советот за време на траењето на мандатот не може да биде избран за јавен обвинител во јавно обвинителство или за јавен обвинител на јавно обвинителство.

Со членот 21 се решава прашањето за јавните обвинители кои се избрани да ја вршат функцијата како јавно обвинители на друго јавно обвинителство, по завршувањето на нивниот мандат за кој се избрани.

Со членот 22 се уредува материјата за престанок на функцијата јавен обвинител со исполнување на условите за старосна пензија.

Со членот 23 се усогласуваат основите за разрешување на јавен обвинител со Законот за јавното обвинителство.

Со членот 24 се додава нов член 49-а со кој се пропишува дека член на Советот може да поднесе иницијатива за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител, до овластените подносители на предлог за утврдување дисциплинска одговорност. Притоа е пропишано и дека членот на Советот кој поднел иницијатива за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител не може да учествува во постапката за утврдување на дисциплинска одговорност на јавните обвинители во втор степен и за разрешување на јавен обвинител

И со членот 25 се усогласуваат основите за разрешување на јавен обвинител со Законот за јавното обвинителство.

Со членот 26 се менува концептот за финансирање на Советот. Имено, наместо постојниот концепт на финансирање преку Јавното обвинителство, со овој член се предвидува финансиска самостојност и директно финансирање на Советот.

Со членот 27 се уредува начинот на завршување на започнатите постапки за избор на јавни обвинители, како и започнатите дисциплински постапки за јавни обвинители

Со членот 28 се уредува материјата за влегувањето во сила на законот.“

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

М.В