/ Прочитано:

686

Новиот извештај за работата на Судскиот совет објавен од Институтот за човекови права

Мониторинг-извештајот за работата на Судскиот совет за период од февруари – април 2019 година е изработен во рамките на проектот „Акција за поголема транспарентност, отчетност и ефективност на Судскиот совет на РСМ“ за мерење на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на Судскиот совет.

Институтот за човекови права има цел полесно и посеопфатно да ги оцени транспарентноста, отчетноста и ефективноста во работењето на Судскиот совет преку присуство на јавни седници, преку следење на веб-страницата на Судскиот совет и преку слободен пристап на информации од јавен карактер. Извештајот може да се преземе на следниот линк.

Во рамките на проектот изработени се и инфографици на кои се прикажани измените направени со новиот Закон за Судскиот совет на РСМ, кои може да се преземат на следниот линк.

Инфографикот од мониторингот за работата на Судскиот совет за периодот од февруари до април 2019 година може да се преземе на следниот линк.

Дискусија за новините во Законот за Судскиот совет

М.В