Објавен текстот на Предлог-законот за адвокатурата
Министерството за правда на ЕНЕР ги објави законските измени за адвокатурата. Основна цел на измените, посочуваат од Министерството за правда, е јакнење на адвокатската професија, која ќе може да одговори на реформираниот правосуден сектор.
Co овој закон се уредува обезбедувањето правна помош од страна на адвокатурата на физички и правни лица во остварувањето и заштитата на нивните права и врз закон заснованите интереси во постапката пред судовите, државните органи, други правни лица, органите на единиците на локалната самоуправа, вршењето на адвокатската дејност, утврдени со овој и друг закон, како и организацијата на адвокатурата, условите за вршење и престанок и мирување на адвокатска дејност и правата и обврските на адвокатите, како и осигурување на адвокатите од одговорност од штета.
Предлог-законот може да се преземе и да се коментира на следниот линк.
Измени на Законот за адвокатурата за јакнење на адвокатската професија
Законски измени на Законот за адвокатурата за воведување континуирана обука за адвокатите
М.В