/ Прочитано:

3.723

Објавен текстот на законските измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

МТСП го објави Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија.

„Со Предлог-законот се дава можност за корекција на платите за вработените во јавниот сектор за 5%, почнувајќи со исплата на платите за месец септември 2019 година“, се во вели во законското образложение.

Во таа насока, во Предлог-законот се пропишува:

„Работодавачот од ставот 2 и 3 на овој член при исплатата на платата за месец септември 2019 година утврденото право на плата за месец август 2019 година  го зголемува за 5%.“

Со дополнувањата на законот, велат од МТСП, ќе се овозможи покачување на платите на вработените во јавниот сектор.

„Со цел да се овозможи поголема мотивираност на вработените во јавниот сектор, а согласно Програмата на Владата на Република Северна Македонија, а во рамките на планираните средства со Буџетот, се создадени услови за дополнување на Законот“, посочуваат од МТСП.

Со Законот за исплата на платите во Република Македонија се уредува исплатата на платите и одделни надоместоци кај работодавачите со седиште во Република Македонија. Одредбите на овој закон не се однесуваат на работодавачот кај кој повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост. Работодавачот платите ги исплатува во согласност со колективен договор и овој закон, доколку со друг закон поинаку не е утврдено.

Законски измени за покачување на платите на вработените во јавниот сектор

М.В