/ Прочитано:

1.049

УПОЗ: Противуставни се мерките во врска со вакцинацијата на вработените во јавниот сектор

Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението и укажа дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение.

Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести со консензус одлучила да ѝ предложи на владата новата мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се вакцинираат или задолжително да се тестираат на секои 72 часа. За влез на работното место, освен сертификат за вакцинација за примена најмалку една доза, ќе може да се користи и сертификат за прележан ковид-19, како и негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.

Сметаме дека ваквата предлог мерка на Комисијата за заштита на населението е против уставна, спротивна на позитивните законски норми, меѓународните конвенции за заштита на човековите права и слободи и препораките на Обединетите нации. Она што посебно не загрижува е тоа што ваквата предложена мерка директно задира во финансиската моќ на вработените, и уште повеќе ја загрозува и онака малата економско – материјална состојба на вработените.

Согласно членот 1 од Уставот е предвидено дека Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.  А во преамбулата на Уставот е наведено дека потребно е да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот и да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи.

Во членот 32 од Уставот на Р. С. Македонија е предвидено дека : „Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привреамена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место, а  секој вработен има право на соодветна заработувачка„.

Нашето мислење е дека доколку Владата реши да ја прифати ваквата предлог мерка од Комисијата за заштита на населението, ќе ги прекрши темелните вредности на кои е поставен Уставот. Доколку вработените бидат спречени да се појават на работа поради немање на сертификат или ПЦР тест се отвара можност за прекин на работниот однос на вработените или поведување на дисциплински постапки и парични казни. Предложените задолжителни ПЦР тестови на секои 72 часа (3) дена, ќе значат дека вработените ќе мораат да издвојат приближно 20.000,00 денари месечно само за ПЦР тестови, односно ќе мора да ја потрошат целата своја плата за да докажат дека можат да одат на работа.

Од тие причини апелираме при носење на одлука по предложените мерки од Комисијата за заштита на населението, Владата да ги има во предвид уставните и законски одредби, меѓународните конвенции за човекови права и слободи и меѓународните ратификувани договори и апелираме да се изнајдат други начини за да се мотивираат вработените да се вакцинираат.

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, реагираат синдикатите

Потврда за примена вакцина, потврда за прележан ковид или ПЦР негативен тест за вработените во јавниот сектор

За влез во објекти потребен е сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид

Соопштение за рестриктивните мерки

Измени на ковид протоколите за работата на угостителските објекти

Соопштение за дополнувањето на рестриктивните мерки

Измените и дополнувањата на новите рестриктивни мерки

За влез во трговски центри кои се затворени задолжително треба да се покаже сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19

Најновите рестриктивни мерки, протоколи и препораки

Новите заклучоци на Главниот кризен штаб во врска со рестриктивните мерки

Новите мерки на Владата за превенција и заштита од коронавирусот основа за дискриминација во остварување на човековите права и слободи

Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки

М.В