Објавени програмите за полагање на испити за туристичка дејност
Дел од предметите што кандидатите ги полагаат, според наведените програми, се: Основи на туризмот, Туристичка географија, Хотелиерство и патнички агенции, Културно наследство, Комуникативно-пропагандна дејност, Култура на однесување, додека, пак, практичкиот дел од стручниот испит се спроведува преку симулација на водење групи туристи.
Во „Службен весник на РМ“ број 77 од 18.4.2016 година објавени се три програми за полагање стручни испити поврзан со туристичката дејност, и тоа:
– Програма за полагање стручен испит за туристички водич,
– Програма за полагање на стручен испит за туристички придружник и
– Програма за полагање стручен испит за раководител на туристичка агенција.
Во нив се наведени предметите што се дел од стручниот испит, како и полагањето на странски говорен јазик. Дел од предметите што кандидатите ги полагаат, според наведените програми, се: Основи на туризмот, Туристичка географија, Хотелиерство и патнички агенции, Културно наследство, Комуникативно-пропагандна дејност, Култура на однесување, додека, пак, практичкиот дел од стручниот испит се спроведува преку симулација на водење групи туристи.
Кандидатите што се пријавуваат треба да имаат завршено најмалку средно образование, а начинот на реализација на обуката и полагањето се одвива во неколку постапки преку Факултетот за туризам и бизнис логистика. Кандидатите што завршиле вишо и високо образование на стручна подготовка и кои положиле некои од предвидените предмети се ослободуваат од полагање на истите предмети.
На кандидатот кој го положил стручниот испит за туристички придружник при патување Факултетот за туризам и бизнис логистика му издава уверение, додека, пак, на кандидатот кој го положил испитот за раководител на туристичка агенција му се издава сертификат.
Овие програми влегуваат во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Македонија”.