Новиот Закон за правосудниот испит стапи во примена
Новиот Закон за правосудниот испит стапи во примена на првиот ден од новата година. Со Законот за правосудниот испит, со кој се предвидуваат повеќе новини, се уредуваат условите и постапката за полагање на правосудниот испит.
Клучната новина во Законот за правосудниот испит е во врска со начинот на полагање на испитот. Имено, се укинува електронскиот начин на полагање на испитот и се воведува писмено и усно полагање пред стручна комисија, врз основа на објективни мерила и критериуми за процена на знаењата на кандидатите.
Испитот се полага заради проверка на стручната оспособеност на лицата кои имаат завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1, како и лицата кои студирале правни студии според Болоњската декларација и имаат 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) за самостојна примена на прописите во практиката и вршење на правни работи за кои со закон е предвиден тој услов.
Судовите, јавните обвинителства, адвокатите, нотарите, извршителите, Државното правобранителство на Република Северна Македонија и Народниот правобранител на Република Северна Македонија можат да примаат на практика дипломирани правници, ако практиката им е потребна за стручно оспособување и за стекнување на услови за полагање на испитот.
Испитот можат да го полагаат дипломирани правници кои работеле најмалку една година на правни работи во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Северна Македонија, кај Народен правобранител на Република Северна Македонија, адвокат, нотар или извршител.
Испитот можат да го полагаат и дипломирани правници кои работеле најмалку две години на правни работи во други државни органи, органи на единиците на локалната самоуправа, трговски друштва и други правни лица.
Времето поминато на практика заради стручно оспособување во суд, јавно обвинителство, Државно правобранителство на Република Северна Македонија, кај Народен правобранител на Република Северна Македонија, адвокат, нотар или извршител, во согласност со закон, се смета како време поминато на работа во тие органи.
Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец јануари 2020 година
Новиот Закон за правосудниот испит објавен на Академика
Дополнетиот Предлог-закон за правосудниот испит на собраниска седница
Предлог-законот за правосудниот испит на второ читање пред Законодавно-правната комисија
Новиот Предлог-закон за правосудниот испит во собраниска процедура
Министерството за правда за новиот начин на полагање на правосудниот испит
СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ПРАВОСУДНИОТ СЕКТОР
М.В