/ Прочитано:

1.189

Одложен е процесот против полицаецот кој е обвинет дека вршел влијание при сослушување сведоци во предмет што го води СЈО

Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постои основано сомнение дека Селмановиќ го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.

Studenti 9

Денеска во Основниот суд Скопје 1 требаше да започне процесот против полицаец вработен во МВР кој е осомничен за незаконито влијание врз сведоци во постапка за предмет што го води Специјалното јавно обвинителство.

Обвинетиот Насер Селмановиќ преку својот адвокат Филип Медарски побара Судот да им овозможи дополнителен увид во дел од доказите што се однесуваат на спроведените посебни истражни мерки.

Судијата Горан Бошевски го одложи судењето и ѝ овозможи на одбраната да изврши увид во доказите на 15 април, по што ќе биде утврден и датумот за следното рочиште.

Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постои основано сомнение дека Селмановиќ го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице со цел лицето да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.

Обвинетиот работи како началник на Единицата за техничка поддршка во Петтата управа на УБК при МВР.

Во февруари беа поднесени 19 кривични пријави против обвинители и истражители од Специјалното јавно обвинителство, но и против непознати лица.

Како што информираа од Обвинителството, сите кривични пријави биле поднесени од различни физички лица, а се однесуваат на кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ од член 143 од Кривичниот законик.

М.С.