/ Прочитано:

1.628

Општините ќе управуваат со софтверскиот систем е-Градежно земјиште

Министерството за транспорт и врски денеска ѝ го предаде софтверскиот систем е-Градежно земјиште на Заедницата на единиците на локалните самоуправи (ЗЕЛС), која понатаму ќе го проследи до општините во Република Македонија.

Оваа софтверска програма има цел да им овозможи на граѓаните да ја спроведат целата постапка по поднесени барања за отуѓување, за давање на долготраен и краткотраен закуп, за давање на право на трајно користење, за пренесување на право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија.

Со програмата е-Градежно земјиште во период од неколку месеци се очекува да има забрзување на сите постапки и да се воспостави висок степен на прецизност и дисциплина во однос на роковите за постапување по овие прашања.

М.В