/ Прочитано:

1.297

Осомничените во предметите на СЈО повикани на распит во Кривичниот суд

„Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период“, велат од Судот. Досегашната пракса, како што појаснуваат од Судот, е лицето да биде покането да се јави на распит.

????????????????????????????????????

Кривичниот суд ги примил предлозите на Специјалното јавно обвинителство за определување притвор и мерки за претпазливост за осомничени лица во предметите кои ги води ова обвинителство и ги распоредил кај судии на претходна постапка.

Како што информираат од Судот, судиите во текот на денешниот ден ќе постапуваат по наведените предлози, а лицата ќе бидат повикани веднаш да се јават во Судот.

„Со оглед дека лицата за кои од СЈО е предложена мерка притвор не се обезбедени на друг начин, судот ќе ги примени одредбите од ЗКП, а согласно досегашната пракса на постапување по предмети во изминатиот период“, велат од Судот. Досегашната пракса, како што појаснуваат од Судот, е лицето да биде покането да се јави на распит.

Определување мерка притвор СЈО побара за битолскиот градоначалник Владимир Талески кој откако му беше поништена аболицијата стана првоосомничен во предметот „Транспортер“.

Предлог за определување мерка притвор СЈО побара и за Горан Грујевски, началникот на Петта управа во МВР, за кого пред аболицијата беше определен најпрво притвор, а потоа беше пуштен во куќен притвор. Покрај Грујевски кој е првоосомничен за случајот „Тврдина“, СЈО бара определување мерки за претпазливост и за останатите четворица обвинети.

Предлог за определување мерки за претпазливост  се побарани и за поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, кои се осомничени во предметот „ТНТ3“, но не беа опфатени во истрагата бидејќи беа помилувани.

„Предлог за определување мерки за претпазливост за 6 лица и тоа И.А., Н.С., Ф.А., П.М., Ј.Б. и М.Ш. во однос на предметот на СЈО во јавноста познат како „Тортура“, за кој Кривичниот совет, по претходно поднесен предлог за истите лица, на 08.06.2016 година донесе одлука предметот да се врати на повторно одлучување кај судија на претходна постапка, при што по овие два предлога ќе постапува судија на претходна постапка во единствена постапка“, велат од Кривичниот суд.

М. С.