/ Прочитано:

1.074

По увидот во доказите, продолжува распитот на осомничените во предметот „Тортура“

До Основниот суд Скопје 1 Скопје против сите осомничени лица, кои се во работен однос во Министерството за внатрешни работи, е поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Основен суд Скопје 1 Скопје

Денеска во Кривичниот суд Скопје продолжува распитот на полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“, кој беше прекинат минатата недела поради барањето на обвинетите за увид во доказите.

„Распитот на шесттемина осомничени во случајот на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), познат како „Тортура“, кој требаше да се одржи денеска, по барање на осомничените се одложува бидејќи тие побараа дополнително време за увид во предметот, кој не им бил овозможен во Обвинителството, а кој судијата на претходна постапка, во согласност со ЗКП, го дозволува“, изјавија минатата недела од Кривичниот суд.

СЈО предлага определување мерки за претпазливост за шесттемина осомничени во предметот за нечовечното постапување при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, во кој како првоосомничен се јавува поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, второосомничен е Ивица Анчевски – Пуки, командант на единицата Алфи и уште петмина полициски службеници. СЈО не побара мерки за првоосомничениот.

До Основниот суд Скопје 1 Скопје против сите осомничени лица, кои се во работен однос во Министерството за внатрешни работи, е поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

„Ваквата мерка е предвидена со членот 146 став 1 точка 7 од Законот за кривичната постапка и сметаме дека во овој момент е неопходна како реакција на државата за дејствијата за кои постои основано сомнение дека ги извршиле осомничените“, беше наведено од страна на СЈО при презентирањето на случајот.

Имено, од прибраниот доказен материјал произлегло основано сомнение дека на ден 6.6.2011 година, еден ден по завршувањето на парламентарните избори, првоосомничениот, како службено лице – директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, поради дискриминација врз основа на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени -полициските службеници во единицата Алфи, во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице – оштетениот Љубе Бошковски, да му предизвикаат душевно страдање, стои во соопштението на СЈО за предметот „Тортура“.

М. С.