/ Прочитано:

1.272

Почнува новата учебна 2017/18 година

Според податоците на Министерството за образование и наука, бројката на запишани првачиња според досегашните податоци со кои располага МОН изнесува 20.437. Во Скопје од вкупно 10 општини, досега се пријавени 6.159 првачиња. Во средните училишта се запишани вкупно 17.131 ученик. Во двата уписни рока во скопските средни училишта се запишани 6.496 ученици, а во другите општини бројот на запишани изнесува 10.635. Поголем интерес оваа година има за стручното образование каде што се запишани 9.983 ученици, а за гимназиско образование се одлучиле 6.703. По повод почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Рената Треневска Дескоска упати писмо до учениците и наставниците во кое им посакува успех во учењето и во работата.

Повеќе од 20.000 првачиња седнаа денеска во училишните клупи во новата 2017/2018 година, која со одлука на Министерството за образование и наука, наместо традиционално на 1 септември, започнува од денеска.

Според податоците на Министерството за образование и наука, бројката на запишани првачиња според досегашните податоци со кои располага МОН изнесува 20.437. Во Скопје од вкупно 10 општини, досега се пријавени 6.159 првачиња.

Во средните училишта се запишани вкупно 17.131 ученик. Во двата уписни рока во скопските средни училишта се запишани 6.496 ученици, а во другите општини бројот на запишани изнесува 10.635. Поголем интерес оваа година има за стручното образование каде што се запишани 9.983 ученици, а за гимназиско образование се одлучиле 6.703. Во скопските гимназии се запишани  2.768, а во стручните училишта 3.407 ученици. Во гимназиското образование во другите општини се запишани 3.935 ученици, а во стручните училишта во другите општини 6.576 ученици.

Во уметничко образование се запишани вкупно 224 ученици од кои во Скопје 148, додека во спортска гимназија 221 ученик, од кои во Скопје 173.

Од Министерството за образование и наука наведуваат дека конечниот број ученици во основното, како и во средното образование, ќе го имаат кон средината на септември по комплетирањето на податоците во координација со општините.

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Рената Треневска Дескоска упати писмо до учениците и наставниците во кое им посакува успех во учењето и во работата.

„Пред Вас е нова страница од Вашиот живот, непозната, но возбудлива. Влегувате во светот на магичните букви и бројки, во светот на нови знаења и нови пријателства. Откривајќи ги тајните на учењето, ќе откриете дека училиштетото е едно големо магично игралиште, кое што чека да биде освоено, бидејќи со секое искачено скалило ќе дознавате нови работи и ќе постигнувате нови успеси, наведува во писмото министерката Дескоска на првачињата.

Таа им посочува дека образованието е долго патување, а не трка на кратки патеки.

„Другарувајте со книгите, откривајте ги тајните скриени во нив, отворете го умот за нови спознанија и за вистинските вредности. На ова долго патување, немојте да заборавите на важноста на пријателството, љубовта, солидарноста, одговорноста и посветеноста на градење подобар живот и подобар свет. На ова патување прочитајте ја книгата „Малиот Принц” и нека ве води нејзината порака: ‘Не можеш да гледаш убаво без срцето, суштината е невидлива за очите’, стои во пораката на министерката.

Според министерката за образование, наставниците и професорите ја вршат најважната професија на светот, професијата која ги создава сите други професии.

„Вие сте оние кои ги описменувате нашите деца и се вложувате во нивниот успех. Вие сте оние кои ги мотивирате и ги насочувате, кои им го покажувате патот кон иднината. Бидете добар модел за нив и не заборавајте дека вистинското образование значи не учење на факти, туку учење на вредности, пишува Дескоска во писмото кое денеска го упати до учениците и наставниците.

А. Б.