Постапки на Антикорупциската комисија за сомнителните случаи на непотизам
Антикорупциската комисија денеска укажа на повеќе случаи со елементи на непотизам и со прекршување на правилата и постапките при вработувањето роднини на функционери. Помеѓу нив се вработувањата на роднини на пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски, на пратеничката Мира Стојчевска, на министерот за економија Крешник Бектеши, на пратеникот Костадин Костадинов и на министерот за култура Асаф Адеми.
Од Комисијата денеска истакнаа дека има низа случаи за кои постојат сериозни сомнежи за непотизам кои се одвивале на ист начин, односно институциите не доставувале записници за интервјуа, немало податоци за бодирање на кандидатите, немало причини зошто останатите кандидати се одбиени и зошто е избран токму роднина на функционер. ДКСК поради сомнителните вработувања ќе ги анализира законите за вработување во администрацијата.
„Комисијата ќе контактира со надлежните министерства за да предложи анализа на законите за регулација во јавниот сектор, за да се утврди дали постои злоупотреба и има влијанија врз процесите на вработување во администрцијата“, истакнаа денеска од Комисијата.
Антикорупциската комисија прифати повеќе приговори
Антикорупциската комисија одлучи за првите приговори за законитост на изборните кампањи
М.В