/ Прочитано:

844

Потпишан меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата

Центарот за правни истражувања и анализи во соработка и координација со Врховниот суд денеска одржа настан на кој свечено беше потпишан меморандумот за формирање на Координативното тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата.

Потписници на меморандумот и главни носители на ова Координативното тело за следење на конзистентноста и подобрувањето на легислативата се претседателите највисоките судови во Северна Македонија, односно претседателите на Врховниот суд, Вишиот управен суд и четирите апелациони судови во Северна Македонија.

Основната цел за воспоставувањето на Координативното тело е да ги утврди проблематичните и неприменливите законски одредби и да предложи решенија за нивно надминување преку веќе воспоставената судска пракса на повисоките судови.

Главни надлежности на дејствување на Координативното тело се: воспоставување и одржување редовна комуникација помеѓу високите судови, која понатаму ќе резултира со идентификување на проблеми во однос на применливоста и неуедначеноста на одредени законски одредби; подготовка и предлагање на нормативни решенија за проблемите со неприменливите законски норми преку веќе воспоставената судска пракса на високите судови, како и следење на конзистентноста на правните решенија.

Претседателот на Врховниот суд, Фаик Арслани, истакна дека формирањето на вакво тело има огромно значење за подобрување на легислативата и дека доаѓа во момент кога конечно треба да се акцентира прашањето за потребата за конзистентност на легислативата и надминување на колизијата во прописите.

Арслани ја нагласи и потребата од креирање на легислативата со консултации и со давање на задолжителни мислења од страна на Врховниот суд, а сѐ со цел да не се создаде недоречена легислатива.

М.В