/ Прочитано:

1.261

Повик за доставување предлози за измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

„Министерството за правда информира дека сите релевантни институции, граѓански и медиумски организации треба да ги достават конкретните предлози што произлегоа од јавната дискусија за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер до Министерството за правда. Исто така, ги охрабруваме и засегнатите страни кои не присуствуваа на настанот да го сторат истото доколку имаат свои предлози на темата која е предмет на интерес. Предлозите треба да се испратат на следната e-адреса: cabinet@mjustice.gov.mk. Рокот на доставување е 15 јануари 2018 година“, соопштуваат од Министерството за правда.