/ Прочитано:

667

Пратеници предлагаат измени на Законот за спортот и на Законот за добивка

Група пратеници од опозицијата во Собранието предложија измени на Законот за спортот и на Законот за добивка. Со Законот за спортот се уредуваат условите и начинот на вршењето на дејноста спорт заради остварување на јавниот интерес во спортот во надлежност на Република Македонија, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, стопанисувањето со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и други прашања од значење на спортот.

„Имено со измените на Законот за спортот кои ги предложи Владата аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка, се покажаа како неефикасни односно не во интерес на спортот во државата. Примената на законот  ја наметна потребата од враќање на  старото  законско решение кое во суштина се покажа како револуција во спортот и систем кој одлично беше прифатен од сите спортски субјекти во државата“, се вели во законското образложение.

Пратениците, исто така, предлагаат и измени на Законот за добивка. Во насока на поддршка на развојот на спортот и постигнувањето на спортски резултати, посочуваат пратениците, се предлага да се извршат овие измени и дополнувања во Законот за данокот на добивка со цел овозможување на даночни поттикнувања при давање на донации кон спортските федерации, МОК, спортските клубови и активни спортисти, односно се предлага да се врати старото законско решение, кое во пракса се покажа дека е во интерес на спортот и многу подобро решение од измените кои ги направи Владата а беа усвоени од страна на Собранието на 28.12.2018 година.

Законски измени за даночно ослободување на субјекти од областа на спортот

Ќе се менува Законот за спортот во врска со предложениот Закон за данокот на добивка

Измените на Законот за данокот на добивка по скратена постапка во собраниска процедура

Ќе се менува Законот за спортот во врска со предложениот Закон за данокот на добивка

Што се предвидува во предложените измени на Законот за данокот за добивка

Се подготвуваат измени на Законот за данокот на добивка

М.В