/ Прочитано:

2.001

Пратениците расправаат за задолжителна кастрација на домашните кучиња

Законските измени за задолжителна кастрација на домашните кучиња, поднесени од група пратеници, се на дневен ред на денешната собраниска седница.

Со Предлог-законот, се вели во законското образложение, ќе се спречи неконтролираното зголемување на уличните кучиња и ќе се створи законска обврска на сопствениците на домашни кучиња да ги кастрираат, односно ојаловат, со исклучок на  сопствениците на одгледувачници на кучиња.

Поконкретно, во законските измени се предлага дека сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно да ги ојаловат своите кучиња во установите, во ветеринарните амбуланти, клиники и болници, освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Во извештајот на матичната собраниска комисија во врска со предложените законски измени се наведува дека директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, истакнал дека и Агенцијата размислува во иста насока во однос на предложените измени и дополнувања.

Законски измени: „Сопствениците добро да размислат дали навистина сакаат да чуваат домашен миленик“

„Анима мунди“ достави коментари и предлог-измени на Законот за заштита и благосостојба на животните

Предложен закон сопствениците да ги кастрираат своите кучиња кои се во репродуктивен период

Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

М.В