/ Прочитано:

1.174

Предлог-закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

Покрај измените на ЗПП, на Кривичниот законик и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители Владата го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела. Исто така, утврдени се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.

Министерството за правда новиот Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела го најави во  2019 година. Целта на законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди во сферата на правата на жртвите од кривични дела

„Причината за донесување на законот произлегува од потребата за усогласување со меѓународните стандарди и од член 53 став 3 точката 2 од Законот за кривичната постапка, каде што е пропишано дека во согласност со посебните прописи жртвата на кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 4 години, меѓу другото, има право на надоместок на материјална и нематеријална штета од државен фонд под услови и на начин пропишан со посебен закон, доколку надоместокот на штета не може да се обезбеди од осудениот“, образложија од Министерството за правда.

Се подготвува Закон за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела

М.В